Влае 2 доби летниковец за дружење и враќање на маалскиот дух

Во урбаната заедница Влае 2, кај спортско – рекреативната зона долж Кејот на реката Вардар поставен е нов летниковец чија примарна цел е да овозможи простор за дружење меѓу граѓаните од овој дел на Карпош.

Летниковецот претставува донација од страна на компанијата Пивара Скопје АД, која и во оваа прилика ја покажа својата општествена одговорност и грижа за локалната заедница. Летниковецот е опремен со изгравирана маса за играње на шах и табла и три клупи за седење, а намерата на Општина Карпош и на општествено oодговорната компанија Скопска Пивара е да се врати маалскиот живот и дух на населбите.

Се надеваме дека граѓаните од Влае правилно ќе го користат летниковецот, ќе се грижат за урбаната опрема и околниот простор.