Владо Јаневски откажа концерт поради болест, сега ќе настапува на прославата за НАТО

Владо Јаневски пред еден месец најави концерт кој експресно беше откажан поради здравствени проблеми, викендов тој ќе настапи на еден од најавените концерти - дел од големата граѓанска прослава, во 15 градови ширум земјата, со преку 40 домашни артисти и музичари, по повод поканата за членство во НАТО и датум за преговори со ЕУ.

Миленикот на македонската публика, како што обично сакаат да кажат македонските новинари говорејќи за Владо Јаневски летово требаше настапи на концерт пред скопската публика. Но, концертот беше поради неговата здравствена состојба. Фановите беа загрижени и прашуваат што се случува со пејачот. Тогаш од Авалон Продукција ветија дека концертот ќе се одржи во текот не октомври или ноември.

На само еден месец од откажување на овој концерт организаторите на настанот кои ќе биде прославена поканата за членство во „Нато“ најавија дека на една од забавите ќе настапи токму Владо Јаневски.

Влада на Република Македонија, оваа сабота, на 14 јули, организира голема граѓанска прослава, во 15 градови ширум земјата, со преку 40 домашни артисти и музичари, по повод поканата за членство во НАТО и датум за преговори со ЕУ.

„Македонија започнува нова приказна – добивме покана за членство во НАТО и датум за преговори со ЕУ. Застануваме рамо до рамо со најсилните земји од Европа и светот. Македонија зачекорува во ново време. Време на надеж, на победи, на гордост. Време на сигурност и безбедност“, стои во настанот на Фејсбук.

„Пејачиве некако и може да ги разберам, ним парите им се слатки, а богами и гооолеееми, штом се нафатиле на бина да викаат "НАТО, ЕУ, НАТО, ЕУ!!!" при тотално непостоечка причина за тоа. А Владо на Република Македонија, колку Тамари ќе спасите со хонорарчињава? Во што сте поразлични? Што славите побогу?“, напиша новинарката Искра Коровешовска на фејсбук.