Владо Јаневски и Вера Мештеровиќ во нов спот за баладата „Откако си негова“

По долги години, Владо Јаневски се појавува во новиот спот за песната „Откако си негова“. 

58-годишниот пејач и атрактивната манекенка Вера Мештеровиќ го снимаја видеозаписот на неколку локации во Македонија.

Музиката и текстот на песната се дело на Владо, а аранжманот е на Никша Братош.