Владо Илиевски поднесе кандидатура за претседател на МКФ

Поранешниот македонски репрезентативец, Владо Илиевски денес ја поднесе својата кандидатура за нов предводник на македонската кошарка.

Илиевски побара свикување на собрание на кое би се гласало за смена на актуелниот претседател на Македоската кошаркарска федерација, Петар Наумоски.

Преку својот „Фејсбук“ профил Илиевски објави фотографија од пред МКФ и напиша:

– Иницијативата е поднесена,….продолжува борбата за подобра кошарка во Македонија.