Познатиот српски пејач, композитор и текстописец Владо Георгиев, кој е многу популарен кај македонската публика, со јавна поддршка за солидарност по трагедијата во кочанската дискотека која се случи пред точно еден месец.
На својот профил на „X“ сподели фотографија од банерот залепен на еден камион на кој има апел да се помогне на настраданите во пожарот во „Пулс“, дел од иницијативата на „Support Kocani#.
„Токму на автопатот, да помогнеме на настраданите во Кочани“ - порача Георгиев споделувајќи ја фотографијата.
Upravo na autoputu, pomozimo porodicama stradalih u Kočanima pic.twitter.com/yjsq8zrZ0N
— Vlado Georgiev - Barba (@VladoGeorgiev) April 13, 2025
Инаку, денеска се навршува еден месец од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која загинаа 61 лице, а околу 200 беа повредени. Ова е најголемата несреќа од независноста на државата.