Владиката Петар: Ако нема графа за верска припадност на пописот ќе го повикаме народот на бојкот

Владиката Петар денеска изјави дека епархиите на МПЦ-ОА ќе го повикаат народот да го бојкотира пописот, ако на пописните листи не постои графа за национална и верска припадност.

– Ние сме сериозно заинтересирани во најавениот попис да постои графа за етничка и верска припадност за да знаеме колку се православни во Македонија, колку се муслимани како и на другите вероисповеди и религиозни деноминации. Да се постапи така во спротивно ќе биде народот па и ние засегнати не само да не се јавиме на пописот туку и да го повикаме народот во нашите епархии да го бојкотира пописот – изјави владиката Петар.