Владеење на Раковите: Што го очекува вашиот знак во овој период?

Периодот на владеење на Раковите започна на 21 јуни, а трае до 20 јули кога почнува владеењето на Лавовите. Според астролозите, ова е период кога сме емоционални, но и кога ги преиспитуваме постоечките врски и односи и се ослободуваме од оние луѓе кои не ни носат ништо добро во нашиот живот.

Ова е хороскопот за сите знаци за време на владеењето на Ракот.

Овен

На работа, ве мачат недоразбирања врзани со финансиите. Меѓутоа, тоа не е нешто што би требало толку да го нагласувате. Ова е период обележан со добри аспекти кои во вашиот случај претставуваат стабилизација на сите нивоа, па дури и на полето на финансиите. Ако вашата работа има било каква врска со недвижности, тогаш можни се мали проблеми. Крајот на овој период ви носи значаен финансиски прилив, но и можност да ги споите задоволството и работата. Вистинско време за кратко патување, продолжен викенд или заслужен одмор.

Љубовта ви носи динамични ситуации на ова поле. Ако сте во врска, ова е време кога романтичното расположение ќе ги обземе вашите мисли и целосно ќе се посветите на саканата личност. Ако не сте во врска, пред вас е можност да започнете врска која е тајна. Тоа нека не ве обесхрабрува бидејќи таквиот однос може лесно да се претвори во нешто трајно. 

На полето на здравјето, ве мачат проблеми со синусите.

Бик

Чувствувате дека нешто се подготвува на полето на работата. Свесни сте за вибрациите кои носат промени на ова поле. Можеби ќе дојдете во искушение да се заплеткате во некои заткулисни работи, верувајќи дека тоа е праведно. Бидете внимателни како ќе постапите ако некој дојде и ви побара совет. 

На полето на љубовта, не успевате да го совладате своето лошо расположение па сте сосредоточени на некои ситуации од минатото. Истовремено, стекнувате нови ставови и станувате свесни за своите грешки. Сепак, вашето его не дозволува да се вратите назад и да иницирате разговор за да поправите некои грешки. Огромна неодлучност постои во вас, но и тврдоглавост која ви носи само штета.

Здравствено, ве мачи забоболка.

Близнаци

На работа, се соочувате со проблеми со финансиите. Истовремено, размрдани ви се вредностите, но не го сфаќајте тоа пресериозно, бидејќи се наоѓате во фаза во која морате да сфатите дека не е сè во парите. До крајот на овој период ќе дојдете до адекватно решение и ќе ја надминете оваа криза, но морате да издржите и да бидете трпеливи. Бидете мудри, не ги образложувајте своите ставови и проблеми секому.

На полето на љубовта, ги мешате страста  и љубовта. Платонската врска која се заснова на тајно допишување има потенцијал да прерасне во страствена авантура која може да заврши на непријатен начин. За да ги избегнете проблемите, бидете директни. Бидете сигурни што е тоа што го сакате и нека не ви биде непријатно тоа да го искомуницирате со другата страна.

На полето на здравјето, можни се алергии.

Рак

На работното место, во тек е динамичен период кој се одразува многу на ова поле. Можеби ќе добиете нов шеф или колеги кои ќе го сменат начинот на работење, па ќе треба да се фокусирате на градење компромис. Вие имате способност брзо да се адаптирате на новите ситуации па ова е шанса да се покажете. Ако немате работа, можно е да добиете добра понуда за работа или ангажман кој ќе потрае.

Љубовно, ова се денови кои можат да донесат непријатности во вашиот живот. Главниот проблем е во тоа што имате многу работи кои не се кажани, а тоа може да ви донесе и болни сознанија, но и откривање на некои тајни. Емоционалната збунетост и потреба за запознавање нови луѓе е одлична предиспозиција за прељуба или платонска љубов која би ве отргнала од врската. Сепак, бидете внимателни.

На полето на здравјето, ве мачат стрес и меланхолија.

Лав

На полето на работата, давате сè од себе да успеат сите активности. Се соочувате со голем притисок, но истовремено имате голем бес кој го канализирате на погрешно место. Водете сметка, за вас почнува период во кој и најмалите недоразбирања со соработниците можат да преминат во сериозна загуба. Иако сте под стрес, престанете да бидете полни со себе и бидете отворени за соработка. Внимателно анализирајте ја секоја ситуација.

На полето на љубовта, своето нерасположение ќе го покажете во овој период. Можно е да ја обвинувате саканата личност за нарушување на вашиот систем на вредности па и вашата самодоверба. Сега е можност сериозно да поразговарате и отворено да кажете што ви лежи на срце. Слободните Лавови уште избираат меѓу потенцијалните партнери, но можно е да се навратат на некои луѓе и ситуации од минатото.

На полето на здравјето, можни се болки во грбот.

Девица

На полето на работата, мислите дека сте изложени на многу ситуации, но тоа може да е далеку од реалноста. Нема причина за страв, бидејќи никој нема да ве нападне и критикува. Периодот е поволен за да научите нешто ново што досега не сте го правеле, но пресметајте ги трошоците за тоа претходно. Бидете внимателни во работите поврзани со комуникации и сообраќај. 

На полето на љубовта, конечно ова поле доаѓа во центарот на вниманието. Целиот фокус ќе ви биде насочен кон саканата личност, а се отвора и можност со партнерот да надминете некои недоразбирања, што може да се случи и на многу романтичен начин. Некои Девици ќе се решат да направат промени во однос на врската.

На полето на здравјето, можно е да почнат да ве мачат главоболки.

Вага

На полето на работата, сакате големи промени, но свесни сте дека самите не можете да го направите тоа, барем не сега. Не го губете оптимизмот, бидејќи овој период е само вовед во големите промени кои престојат. Не го потиснувајте незадоволството во однос на колегите, туку смирено и дипломатски кажете им што ве мачи.

На љубовен план, работите се некако нејасни. Се занимавате со теми кои се однесуваат на минатото, но никако да најдете заедничко решение. Сепак, доаѓа до позитивни промени на крајот на овој период, но можно е уште да остане мала мистерија во однос на саканата личност. Најважно е да се поставите искрено и отворено кон саканата личност.

На полето на здравјето, можни се стомачни проблеми.

Шкорпија

На полето на работата, доаѓа до весели победи кои ги извојувавте изминатиот период па тоа ве наведува на чувство дека сè е возможно. Бидете внимателни при трошењето, особено на почетокот на овој период, бидејќи за некои работи не е вистинско време. Сепак, нема причина за паника, бидејќи работите се поправаат на почетокот на јули.

На љубовен план, необично ви годат дружењата со луѓе кои имаат слични интереси со вас, а некако трпи вашата врска. Чудно е тоа за вас, но како поважни да ви се дружењата отколку саканата личност овој период. Бидете внимателни да не го нарушите односот со саканата личност.

Здравствено, ви годи физичката активност.

Стрелец

На полето на работата, извесен е одреден прилив на енергија, па ќе имате многу идеи кои ќе ги реализирате овој период. Сепак, вториот дел од овој период ќе ви донесе замор и ќе посакате да се повлечете и да избегате некаде. Затоа, најдобро е да се потрудите да не се истоштувате и да направите распоред на активностите. Добро би ви дошло кратко патување или продолжен викенд.

На полето на љубовта, задоволството лежи во дружењето со блиските. Доаѓаат големи промени и за оние Стрелци кои се слободни и за оние во врска, па семејството ќе ви биде голема поддршка овој период. 

На полето на здравјето, можни се проблеми со здравјето.

Јарец

На полето на работата, бидете внимателни да не бидете брзоплети особено ако овој период треба да донесете важна одлука. Можни се непријатни чувства во однос на работата, па затоа потрудете се да ги надминете своите ограничувања и да воспоставите нов начин на функционирање. Ако ова го совладате, ќе успеете да ги подобрите финансиите и да постигнете успех.

На полето на љубовта, ова е еден аспект од вашиот живот кој мора да доживее сериозни промени. Околностите ве тераат да почнете да размислувате рационално, но сè уште не гледате чисто и јасно. Свесни сте дека ги немате сите информации за личноста која ви значи, а со друга страна прифаќате половичен однос, бидејќи сметате дека тоа може да ве одведе на некое добро место. Можно е да се истоштите од сето ова и при крајот на овој период да се откажете.

Здравствено, болки во грбот.

Водолија

На полето на работата, сериозно размислувате дали ви е подобро во тим или самостојно, но треба да знаете дека некогаш немате избор. Сега е потребно својата креативна енергија да ја насочите кон тоа да дојдете до одговор на сите предизвици со кои ќе се соочите на ова поле. Тоа може да ве донесе до ново работно место или подобра позиција.

На полето на љубовта, ви годи топлината на домот. Саканата личност ќе има слух за вашите потреби, па голем дел од времето ќе го минувате со неа. Дополнително ќе се соочите со потребата да ја докажувате својата љубов, па така ова е романтичен период за вас. 

На полето на здравјето, можни се проблеми со коските.

Риби

На полето на работата, можно е да морате да ги средите ситуациите кои ги влечете од минатото, а кои сега веќе конечно мораат да бидат решени. Можен е страв од тоа дека не можете добро да се објасните со надредените, но среќна вест е што тоа е минлива фаза. На почетокот на јули, доаѓа до поместување од мртва точка, а дотогаш останете трпеливи.

На полето на љубовта, на саканата личност и е потребно вашето внимание па затоа потрудете се да не ја занемарувате. Можно е да дојде до недоразбирање во однос на очекувањата, па затоа потрудете се да бидете јасни. Слободните Риби влегуваат во нејасна ситуација која ги прави многу среќни.

На полето на здравјето, чувајте се од повреди.