Владеење на Овен: Три знаци ги очекува одличен период

19 март е првиот ден од владеење на Овенот, а тој означува почеток на нова астролошка година. 

Почетокот на пролетта носи среќа за 3 хороскопски знаци.

Овен – прославете го својот почеток

Среќен роденден за Овните. Ве очекува едно убаво патување околу сонцето. Позади вас е една интересна година, а во текот на владеењето на вашиот знак ќе успеете да ги победите стравовите и да пронајдете мир. 

Бидете подготвени за големи промени, на љубовен но и на професионален план. Преминувањето на Сатурн во Водолија на почетокот би можело да биде чудно, но потоа доаѓа вистинско виножито за вас.

Лав – фокусирајте се на љубовта

Би требало да сте горди на себе, драги Лавови. Сонцето се наоѓа во вашата деветта куќа на образование и истражување. Сакате нови информации, а ќе го искористите времето за да научите некои работи. 

Можно е да дојде до мала импуливност поради тоа што Овенот е огнен знак, но вие лесно ќе се изборите со тоа, бидејќи сте харизматична и дипломатична личност. 

Доаѓа до промени и на вашето поле на љубовта. Ќе решите дека сте конечно подготвени да се фокусирате на љубовта.

Стрелец – страст и силна енергија

Овој период во вас носи желба за романтика, силна енергија и страст, но и уметничка инспирација. Можно е да добиете некаква пофалба или општествено признание. 

Ве очекуваат силни промени кои многу ќе ве изненадат, но ќе ги пречекате со рацете широко отворени.