Родителите кои го сакаат детото на здрав начин, го учат и како да сака.
Photo by Jessica Rockowitz on Unsplash
Според Владе Јеротиќ, ретки се луѓето кои можат да сакаат ако не биле сакани. Здравиот психолошки раст е клучен за секое дете за да може да ги научи правилата на љубовта и да грижата и да научи да ја дава, на ист начин како што ја добива од другите. Таквата љубов најчесто доаѓа од родителите, но во случаите кога еден или двајта од родителите се отсутни, голем дел од луѓето имаат среќа да најдат некаква замена, личност која ги сака со сето свое срце.
Но, таа љубов треба да биде здрава.
Да земеме пример, дека детето расте со двата родителите, од кои еден од нив постојано го менува своето расположение (најверојатно без некоја посебна причина). Така, детето почнува да се плаши дека можеби е виновно за таквата промена и гради заштитен ѕид околу себе. Тоа низ животот постојано живее со вина дека можеби другите нема да го сакаат доволно и станува недоверливо во однос на изразувањето на љубовта.
Децата учат преку личните примери, тие се како сунѓер за емоциите. Затоа, во таа родителска грижа и љубов не е доволно на детето да му дадеме само материјални нешта, туку и грижа, трпение и трпеливост.