Владе Јеротиќ: Детето е онакво каков што е бракот меѓу двајцата родители

Академикот Владе Јеротиќ е еден од најголемите мислители на 21 век во Србија, но и на Балканот. Неговите предавања секогаш биле следени со големо внимание од страна на јавноста, а и по неговата смрт многу пати е цитиран и луѓето се потсетуваат на неговите изјави.

„Децата не го зацврстуваат бракот. Таму каде бракот е добар, тој може да стане подобар со децата. Таму каде што не е добар, станува уште полош. Стабилните бракови се стабилни без оглед на бројот на децата. Значи, детето е онакво каков што е и самиот брак.”

Тој посочува дека иако често родителите мислат дека успешно ги кријат своите кавги од децата, сепак детето погрешно се развива кога во бракот постои недостаток на топлина и сигурност кај самите родители. На тој начин, детето го губи важниот критериум за сопствената вредност кој всушност треба да го добие од својата најблиска околина. Децата се како сунѓер, тие впиваат сè околу себе. Родителите треба да се сакаат најмногу на светот, за детето да ја впие таа љубов и да се чувствува добро. 

Важна работа во семејството се и семејните правила. Тие се потребни бидејќи го чуваат семејството и обезбедуваат сигурност и предвидливост, што е посебно важно за најмладите членови на семејството. Со нив се одредува организација на животот, начинот на функционирање во семејството, како и системот на вредности и верувања. Ако секој функционира по свои сопствени правила, детето нема патоказ за тоа што може да очекува. Така тоа ја губи својата сигурност и станува ранливо и плашливо.

Бидете внимателни околу своите деца. Тие често можат да го прочитаат и тоа што мислите дека не е видливо.