Владата усвои заклучок за казнување на тие кои нема да ги почитуваат препораките за заштита од Корона вирусот

Владата на седница покрај усвоените заклучоци, мерки и препораки во функција на преземање дополнителни активности за превенција од ширење на коронавирусот Ковид-19 го усвои заклучокот да се спроведуваат препораки за казнивост согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик за сите физички и правни лица кои ги прекршуваат донесените решенија од страна на Државниот инспекторат за труд и Државниот пазарен инспекторат, и да се процесуираат до Јавното обвинителство за да постапи согласно законски утврдени надлежности.

Како што соопшти владината прес-служба, се задолжуваат и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд да ги преземат сите мерки и активности од своја надлежност за спроведување и операционализирање на сите мерки, препораки и насоки усвоени од Владата во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот.