Владата се фали со плата од 34.925 денари, а дури 306.943 работници земаат пониски плати

Просечната исплатена нето плата по вработен во март годинава изнесува 34.925 денари и во однос на просечната плата во март лани е повисока за 12,4 проценти, објави Државниот завод за статистика пред неколку дена.

Владата се пофали со зголемената нето плата, но дури 306.943 работници во Македонија земаат плати пониски од 30.000 денари.

Економскиот портал „Пари“ објави дека дури 59 отсто од вработените се за 4.925 денари под просекот за нето плата која ја објави Државниот завод за статистика.

Цела анализа може да се прочита ТУКА.