Владата планира да го зголеми персоналниот данок на 18 проценти

Според министерот за финансии, Драги Тевдовски, Владата планира даночната стапка за персоналниот данок да остане иста како досега, 10 проценти, додека пак оние граѓани кои имаат нето приходи повеќе од 1000 ќе се оданочуваат со 18 проценти.

Тој објасни дека праведното оданочување според планот би почнало од 2019 година, но претходно ќе се спроведе сеопфатна анализа и јавна дебата за да се слушнат мислењата на јавноста.

-Во Македонија имаме голема финансиска нееднаквост. Според сите учебници, даноците треба да постигнат баланс меѓу нееднаквостите – рече Тевдовски на денешниот панел „ Македонската економија помеѓу визија и дилема: „Предизвици на економските политики“ во организација на Институтот Finance think.

Според Тевдовски промената на даночната политика ја оправда посочувајќи дека даночните стапки на приход  во моментот се најниски  во Македонија и во Косово од регионот. Тој додаде дека во Македонија има простор да се преземат овие мерки и потсети дека Албанија ја зголеми даночната стапка за 13 проценти и 23 проценти.

nike air max 1 sale