Владата ќе потроши 660.000 евра за цвеќиња

Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија распиша тендер за  хортикултурно одржување и уредување на објектите на државната управа.

Проценетата вредност на истиот изнесува 41 милион денари односно околу 670 илјади евра.

Услови за кандидатите што ќе се пријават на конкурсот е да имаат минимум 7 милиони денари вкупни приходи во последните три години (2015, 2016 и 2017 година). Главен критериум за доделување на договорот е најниската цена.