Премиерот Зоран Заев на седница одговарајќи на прашање од пратеникот Амди Бајрам рече дека се залагаат за донесување закон за бесплатно болничко лекување како една од мерките за надминување на сиромаштијата.

- Социјално загрозените лица имаат право на бесплатно болничко лекување, да го користат тој момент како граѓани, а институциите се должни да го почитуваат законот. Правиме напори до крајот на оваа година да ги обезбедиме оние 5,5 милиони евра кои што значат партиципација во делот на болничкото лекување, рече меѓу другото Заев.

Ова, како што додаде премиерот, го прават заради сиромашните граѓани, затоа што на побогатите не им е проблем да ја платат партиципацијата.

- Но ако сакаме да бидеме држава каде што согласно Уставот социјалниот аспект ќе биде важен, тогаш ваквите иницијативи се надевам дека ќе наидат на поддршка пред се од институциите. Убеден сум дека Парламентот би дал поддршка на вакви решенија кои ќе го олеснат животот на сиромашните граѓани, рече Заев.