Владата ќе го продолжи проектот “ Eвтини летови за македонските граѓани”

Владата ќе го продолжи проектот “ Eвтини летови за македонските граѓани”. Која авиокомпанија ќе биде избрана за нов нискобуџетен оператор ќе се знае следната година. 

Од 2012 досега Визер оперираше од скопскиот аеродром. Последниот тригодишен договор со авиокомпанијата истекува во јуни. По ова ќе биде распишан нов јавен повик на кој ќе биде избран операторот кој ќе понуди најдобри услови. Пониска цена за летовите и поширока мрежа на дестинации се најважните критериуми за изборот.

Според информациите од Министертсвото за транспорт претходната  Влада лани исплатила субвенции во износ од над 1,6 милиони евра  за превезени  речиси 1,8 милиони патници . За тековната година досега се исплатени повеќе од милион евра.

Годинава 5 нови дестинации беа воведени од аероидромот во Скопје. Во јули стартуваа летовите до Рим, Малта, Ваксјо и Доха. Паралелно со ова Визер го постави 4 воздухоплов во базата на скопскиот аеродром, додека Катарервејс како нов бренд влезе на македонскиот пазар. На Охридскиот аеродром беше воведена нова дестинација Катовице во  Полска .

Во однос на тоа дали Владата размислува за воведување на национален  авипревозник од МТВ информираат дека ќе бидат разгледани  сите можности. Допрва ќе се утврдува дали има економска оправданост за ваквиот чекор.