
По повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, денеска во 10:30 часот во Скопје ќе се одржи свечена церемонија под мотото „Победа, принципи и вредност“.
На настанот, премиерот Христијан Мицкоски ќе положи свежо цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“, кој се наоѓа во дворот на Владата.
Пред присутните е предвидено и обраќање на премиерот, посветено на значењето на победата над фашизмот, европските вредности и историското значење на 9 Мај.
Денот на Европа се одбележува во чест на Шумановата декларација од 1950 година, која се смета за темел на современата Европска Унија, додека Денот на победата над фашизмот ја симболизира победата над нацизмот во Втората светска војна.