Владата ќе го гради Клинички центар во Карпош

Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за започнување на Проектот за изградба на комплекс Универзитетски клинички центар на локација во општина Карпош.

Го задолжи Министерството за транспорт и врски, и соодветните институции и општина Карпош, да извршат измени во урбанистичките и катастарските и други планско урбанистичко – проектни документи за 2018 година.

Со оваа одлука на Владата, Министерството за здравство треба да му препорача на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, да формира Стручна комисија и да спроведе јавен конкурс за идејно решение на дел од комплексот Универзитетски клинички центар.