
По повеќе од 30 години, Македонија повторно ќе добие средно полициско училиште. Владата ја усвои одлуката за формирање на Средно училиште на Министерството за внатрешни работи, кое ќе почне со работа од учебната 2026/2027 година.
Новото училиште ќе обезбедува образование и обука за идни полициски службеници, а наставата ќе биде усогласена со современите стандарди и потребите на безбедносниот систем.
Од Владата велат дека целта е создавање стручен кадар уште од средношколска возраст и надминување на недостигот од полициски службеници во наредните години.