Владата ја назначи Венера Латифи Азизи за портпарол

Венера Латифи Азизи е именувана за портпаролка на Владата на Република Македонија. Латифи Азизи e поранешнa уредничкa и новинарка во Радио Слободна Европа во Прага,уредничка во новинската агенција МИА, уредничка и водителка во Алсат М телевизија, уредничка во весникот КОХА, А1 телевизија и други медиуми во земјава.

Моментално е вработена во Кабинетот на градоначалникот на општина Чаир како одговорно лице за односи со јавноста. Политиколог дипломирал на Универзитетот на Југоисточна Европа. Во моментов е магистранд по дипломатија и меѓународни односи на тема „Улогата на дипломатските претставништва и евроатлантските интеграции на Македонија“.

Мажена, мајка на две деца.