
Ненад Савевски за нов државен јавен обвинител - ова е предлогот на Владата кој ќе оди на гласање во Собранието.
Од Владата информираат дека одлуката е донесена по сеопфатна дискусија, водејќи се од принципите на професионалност, интегритет, стручност и посветеност на владеењето на правото.
Савески во моментов е судија во Основниот кривичен суд Скопје, во Одделот за организиран криминал и корупција.
За професионалниот интегритет на Савевски се огласи познатиот адвокат Јанаки Митровски кој за својот колега вели дека е единствениот кој кренал глас на политиката.
- Владата денес направи редок, и можеби единствен до сега исправен потег во 18 месеци власт. Предложи одличен кандидат за Јавен Обвинител, судија кому не може да му се закачат партиски опашки, не може да се каже дека е близок до оваа или онаа политичка гарнитура, кривичар со екстензивно искуство и како обвинител, и како судија. И она што е за мене најважно, ЕДИНСТВЕН судија кој имал храброст да крене глас на политиката, да се залага за независно судство, и имаше храброст да оспори одлука за избор Директор на Академија, нешто што е баук за 99% судии, вели адвокатот Митровски во фејсбук објава.
- Реално, Владата изигра одлично, даде поддршка на непартиски човек, од кои лично имам големи очекувања и знам дека нема да разочара. Честитки колега Савески, многу успех! - порача адвокатот.