Владата го укина флексибилно работно време за сите вработени во државната управа

На денешната седница Владата донесе одлука времено да ја суспендира одлуката за флексибилно работно време за сите вработени во државната управа и, наместо сегашното работно време од 07:30 до 15:30 и од 08:30 до 16:30, од први октомври за сите ќе важи работното време од 08:00 до 16:00 часот. 

На денешната владина седница Владата го разреши м-р Роберт Алаѓозовски од должноста Национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка и го именуваше за Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, а Роберт Поповски е именуван за Национален координатор за одговорно владеење и транспарентност.