Владата ги задолжи сите државни институции да ги користат услугите на АД Пошта

Владата на вчера одржаната седница одлучи да ги задолжи сите државни институции да ја користат универзалната поштенска услуга на АД Пошта на Република Северна Македонија, соопшти владината прес-служба.

Одлуката е согласно донесената измена за Законот за поштенски услуги во врска со одлагањето на либерализацијата на поштенските услуги до 31.12.2023 година, а со цел подобрување на финансиското работење на АД Пошта на Република Северна Македонија.

Владата им препорача и на сите општини и Град Скопје да ги користат услугите на АД Пошта.