Владата ги провери документите на СДСМ, ги отфрла како шпекулации и неточни наводи

Владата ги провери и затоа ги отфрла шпекулациите и неточните наводи изнесени од СДСМ и ДУИ во врска со работата на Министерството за животна средина и просторно планирање, информираат од Владата

Во владиното соопштението се наведува дека инспекцискиот надзор спроведен од Управниот инспекторат се однесува на аспекти на архивското работење и е утврдено незаконско постапување.

„Оваа административна пракса на работа е воспоставена уште во 2017 година и континуирано се применувала под раководство на министри од СДСМ и ДУИ во претходните влади. Ако по логиката на Кузевска тоа е прекшување на законите, тогаш значи дека законот бил прекршен од Владата на СДСМ и ДУИ. Владата останува посветена на транспарентноста и ги повикува сите заинтересирани страни на увид во документацијата за целосно и точно информирање на јавноста како и што повика Министерството за животна средина и просторно планирање“, велат од Владата.