Владата донесе одлука: Се укинува полицискиот час

Владата го потврди предлогот и донесе одлука за укинување на мерката полициски час, односно забрана за движење на територија на цела Македонија со почеток од 00:00 до 4:00 часот. 

Според Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство, сегашната епидемиолошка состојба дозволува укинување на забраната за движење. Сепак, останува препораката за внимателно однесување на граѓаните и почитување на ограничувањата во угостителските објекти, како и носење маска во затворени простории. 

Владата одлучи да го укине ограничувањето за движење на граѓаните и почнувајќи од полноќ, повеќе нема да има полициски час. Исто така, укината е и забраната за 100 гости на свадби и дозволени се концерти и забави.