Владата донесе одлука – полицискиот час ќе започне на полноќ, но нема да трае до 5 часот наутро!

Владата на денешната седница го одобри предлогот на Кризниот штаб од утре полицискиот час да се скрати и да трае од 24:00 до 04:00 часот.

Новите мерки важат од 12 до 18 мај, а се донесени на предлог на Комисијата за заразни болести врз основа на епидемиолошката состојба, намалувањето на бројот на хоспитализирани и бројот на заразени лица.

Според новите мерки што беа предложени, полицискиот час ќе трае од 24:00 часот до 04:00 часот и се дозволува користење на годишен одмор за здравствените работници.

Ивентите и настаните ќе се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30 проценти од капацитетот на затворениот простор, а се зголемува и бројот на деца кои може да се згрижат во една група во градинките односно од 15 на 20 деца.