Владата да ги казни компаниите кои не ги намалија цените, а користат субвенции, побара Лончар

Претседателката на Организацијата на потрошувачи, Маријана Лончар кажа дека нема ефект од најавеното намалување на цените на основните прехранбени производи.

- Владата мора да ги санкционира компаниите кои не ги намалија цените и покрај тоа што користат субвенции за струја, вели Лончар.

Лончар смета дека компаниите кои не ги намалуваат цените, иако користат субвенционирана струја, треба да ги вратат парите и истите да се искористат за поефективни мерки.