Во првите 100 дена од мандатот на новата Влада започна изградба на три нови детски градинки, а пуштена е и доградбата во ЈОУДГ „Гоце Делчев“, се вели во соопштението на Владата. Од таму додаваат дека покажале дека се грижат за најмалите.
„ Беше поставен камен темелник на изградба на НОВА ДЕТСКА ГРАДИНКА во Општина Бутел за што се инвестирани 100.000.000 денари, а капацитетот на згрижување e за над 200 дечиња. Со ова Бутел 2 конечно ќе добие нова детска градинка.
Исто така, започна и изградба на НОВА ДЕТСКА ГРАДИНКА во Трубарево, Општина Гази Баба за што се инвестираат 19.000.000 денари, која ќе има опфат за сместување на над 60 дечиња.
Започнаа градежни активности за доградба на објектот Изворче во ДЕТСКА ГРАДИНКА Срничка во Општина Аеродром за што се инвестираат 120.000.000 денари. И тука капацитетот на згрижување е околу 170 деца од 0 до 6 годишна возраст.
Исто така во овие 100 дена се пушти во употреба ДОГРАДБА на градинката „Гоце Делчев“ во Општина Илинден во вредност од 15.000.000 денари за згрижување на 60 деца. Оваа доградба значи конечно затворање на листите на чекање во Општина Илинден“, се додава во соопштението
Од Владата посочуваат дека тие како институција и претседателот Христијан Мицкоски се обврзуваат дека главен приоритет во мандатот ќе биде намалување на листите на чекање за прием во детските градинки.