Влада: Деновите од ланскиот одмор да се искористат до 31 мај

Неискористениот дел од годишниот одмор за календарската 2019 година треба да се искористи до 31 мај 2020 година, согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот. Ова е дел од новите мерки кои ги донесе Владата која објави рокови за користење на годишните одмори за 2019 и 2020 година во Служебн весник.

Во „Службен весник на РСМ“, бр. 90/20 од 4.4.2020 година објавена е Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба. Уредбата ги пропишува следните важни новини:

Годишен одмор од 2019 година

– Работниците од приватниот сектор опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирус COVID-19, неискористениот дел од годишниот одмор, односно неискористениот годишен одмор од календарската 2019 година, имаат обврска да го искористат до 31 мај 2020 година, согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот;

Годишен одмор од 2020 година

– Работниците од приватниот сектор опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус COVID-19, делот од годишниот одмор за 2020 година кој мора да се искористи во траење од две непрекинати работни недели, да го искористат до 30 јуни 2020 година, согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот;

Работнички на породилно отсуство

– Отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство и посвојување, продолжува да тече и надоместокот на плата продолжува да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирус COVID-19;

Престанување на роковите за враќање на работа на работник упатен на работа во странство и на брачниот другар

– Роковите во кои согласно Законот за работните односи, во случај на мирување на правата и обврските од договорот за вработување и мирување на работен однос на работник упатен на работа во странство и на брачниот другар, работникот има право да се врати на работа, престануваат да течат за време на траење на вонредната состојба и се продолжуваат за 15 дена од денот на истекот на траењето на вонредната состојба.