Вкусно предјадење - полнети печурки по најдобриот рецепт

СОСТОЈКИ:

750 гр печурки (големи шампињони)

3 млади кромитчиња

2 чешниња лук

250 гр шунка

150 гр кашкавал

100 гр павлака

1 јајце

магдонос

пармезан

масло за готвење

зачини

НАЧИН НА ГОТВЕЊЕ:

Одете во најблискиот маркет и одберете ги најголемите шампињони кои се продаваат. Ако не можете да бирате, земете запакувани, секако ќе успеете да ги наполните.

Исчистете ги шампињоните со четка бидејќи така е правилно.Извадете им ги дршките кои потоа ќе ги исчкате на ситни коцки.

Во сад со масло за готвење кратко пропржете ги претходно ситно исечканите лук и млад кромид. Додадете ја шунката ситно исчканата на коцки, како и иситнетите дршки од печурките и пропржете уште кратко.

Тргнете го тавчето од оган и оставете ја смесата да се олади. Ставете ја во длабок сад.

Додадете го јајцето, кашкавалот исечкан на ситни коцки, павлаката и магдоносот. Мешате додека да добиете компактна смеса.

Печурките ги полните една по една со добиената смеса. Најодозгора секоја печурка ја посупувате со пармезан и ја редите во тава за печење на која е поставена хартија за печење.

Печете околу 25 до 30 минути на температура од 180 степени.

На здравје!