Евтино и здраво: Вкусни коцки од три состојки

Немаат многу состојки во себе, а го имаат најслаткиот вкус на целиот свет.

1 пакување путер од кикирики (тие се околу 200 грама)

пола чаша мед

3 чаши овесни снегулки

Стопете го путерот од кикирики со медот, на средна температура. Додадете ги овесните снегулни да се соединат со смесата.

Ставете во тавче и оставете го во фрижидер 2-3 часа за целото да се стврдне.

Потоа исечете коцки во посакуваните димензии, декорирајте го по желба и уживајте.