Интересен рецепт, за сите љубители на пица

Љубителите на пица ќе бидат воодушевени од идејата. Не само што можете да уживате во омилениот вкус и комбинација од состојки, туку сега сето тоа може да изгледа многу посимпатично и декоративно.

Можете да замесите стандардно тесто за пица или да користите готово, купечко тесто.

Направете топче од тестото. Исечете мали топчиња кои со сукало ќе ги претворите во ленти.

Намачкајте ги лентите со доматно пире, распоредете мали кругови салама и нарендајте малку кашкавал преку сето тоа.

Замотајте и имате солени рози подготвени за печење.

Ако сепак не сакате пица со салама, може да користите лупен домат.

Ставете ги готовите рози во калап за мафини и печете 20 минути до половина час на 200 степени.