Вкусни и здрави крцкави сусамки

За сите љубители на сусамот, овие колачиња се просто неверојатни – крцкави и ароматични, речиси со сигурност може да се каже дека повкусни од нив не сте пробале!

Се прават многу едноставно:

ЗА ПРИГОТВУВАЊЕ НА ОВИЕ КОЛАЧИЊА (ЗА 10-15 ПАРЧИЊА) ЌЕ ВИ БИДЕ ПОТРЕБНО:

70 г брашно

60 г путер

120 г шеќер

1 кесичка ванилин шеќер

1 јајце

1 чајна лажичка исцеден лимонов сок

160 г сусам

½ чајна лажичка прашок за печиво

½ чајна лажичка сол

ПОСТАПКА:

1.Измешајте ги брашното, прашокот за печиво и солта.

2.Изматете го омекнатиот путер со шеќерот. Потоа додадете го јајцето, ванилин шеќерот и лимоновиот сок. Матете со миксер 20-30 секунди.

3.Намалете ја брзината па полека додавајте го брашното во оваа смеса. На крајот додадете го сусамот и сето убаво промешајте го.

4.Со лажица ставајте на хартија за печење на растојание од 3-4 сантиметри.

5.Печете во загреана рерна на 180 степени.

6.Водете сметка да не ви загорат. После 5-6 минути, свртете ги на другата страна. Вкупно време за печење е 10-15 минути, во зависност од големината на колачињата.

7.Во почетокот додека се топли, сусамките се меки и лепливи. Затоа, оставете ги да се изладат. Тогаш стануваат крцкави и многу вкусни!