Вкусни и преубави за око: Макаронс колачиња со сок од малини

Ви предлагаме рецепт за популарните макаронс колачиња, овој пат во розева боја и ароматичен вкус. 

Потребни состојки: 2 белки, 80 гр. мелени бадеми,120 гр. шеќер во прав, 50 гр. ситен шеќер, малку сок од лимон,прстофат изрендана кора од лимон или портокал, половина чаша свежо цеден сок од малини.

Два часа пред почетокот на припремата извадете ги белките од фрижидер. Во блендер, сомелете ги бадемите заедно со шеќерот во прав.  Изматете ги белките, додадете го шеќерот и продолжете да матите сè додека не добиете цврста смеса. Во изматената смеса, додадете ги бадемите и шеќерот и лесно соединете ги. Потоа, додадетего сокот од малини.

Смесата ставете ја во кујнски шприц и во тава обложена со хартија направете мали кружни форми со пречник од 3 центиметри. Пред печењето, оставете ги на собна температура околу половина час, а потоа печете 15 минути на 150 степени Целзиусови. 

Испечените колачите наполнете ги со фил по желба:фил од бело чоколадо, карамел, фил од лимон... Спојте два кекси со малку крем, но немојте силно да притискате.

Фил со лимон и портокал: Загрејте ја слатката павлака, додадете бело чоколадо и мешајте сè додека не се истопи. Потоа, додадете сок од лимон и изрендана кора од лимон и портокал. Оставете да се излади а потоа намачкајте ги макаронсите со филот.