Оваа чорба е вистински есенски оброк — едноставен, хранлив и топол.

Состојки:
1 чаша леќа
2 компири, исечкани на коцки
1 морков, исечкан
1 главица кромид, ситно сечкан
2 чешниња лук, згмечени
1/2 чаша грашок (може и замрзнат)
1/2 чаша тиквичка (по желба)
2 домати излупени и исечкани, или 1/2 чаша пасирани домати
2 лажици маслиново масло
1 лажичка црвен пипер
1 лист ловор
сол, црн бибер по вкус
1,5 литар топла вода или зеленчукова супа
свеж магдонос и лист од нане за декорација
неколку капки лимон пред сервирање
Подготовка:
Во длабока тава или тенџере загрејте го маслото и додај го кромидот. Пржете неколку минути додека не стане златест, потоа додајте го лукот и морковот.
Додајте ги доматите и пржениот зеленчук нека се карамелизира 2–3 минути.
Додадете ја леќата, компирите, пиперката, киминот и ловоровиот лист. Промешајте добро за да се спојат вкусовите.
Додајте ја топлата вода или супата и намали ја температурата. Оставете да врие на тивок оган околу 30–35 минути, додека леќата и компирите не омекнат.
Последните 10 минути додајте го грашокот и по желба тиквичката.
Кога чорбата ќе згусне и ќе добие длабока боја, тргнете ја од оган. Зачинете со сол, бибер и неколку капки лимон.
Совети:
Ако сакате погуста текстура, згмечете ги дел од компирите со вилушка и врати ги во чорбата
За побогат вкус, може да додадете и печена пиперка при варење.
Сервирајте ја со свеж магдонос
Идеално со:
Топла лепиња, малку сирење или домашна зелка салата со лимон и маслиново масло.