Вкусен оброк кој се подготвува за миг - царска пита (видео)

Подготовката е едноставна и брза, а во основното тесто можете да ги ставите сите состојки кои ги имате во фрижидер.

Состојки:

100 гр пченкарно брашно

100 гр лебно брашно

1 прашок за печиво

3 јајца

200 мл јогурт

100 мл масло

сол

200 гр шунка

1 црвена пиперка

3-4 кисели краставички

Начин на подготовка:

Јајцата разматете ги со жица, додајте ги сите наведени состојки (шунка, пиперка и краставички исечкани на коцки) добро измешајте и ставете во намастен плех со димензии од 24 см. 

Убаво израмнете и печете на 200 степени околу 40 минути убаво да порумени.