Вкусен и брз колач совршен по напорниот работен ден

СОСТОЈКИ:

15 лажици вода 

15 лажици шеќер 

125 гр. маргарин 

200 гр. мелени лешници 

200 гр. мелени бисквити

ГЛАЗУРА:

100 гр. чоколадо

100 гр. цели лешници (по избор)

ПОДГОТОВКА:

Се става шеќерот со вода и маргарин на оган и се остава да врие, па се трга од оган и се ставаат и мелените бисквити и лешници, па се меша и соединува. 

Се става смесата на рамномерна површина и се прави колач, а потоа се става врз него растопеното чоколадо. 

cheap nike air max 90