Вкупно 90 лица не ја почитувале мерката за ограничување на движењето, приведени се 56 лица

Министерот за надворешни работи Наќе Чулев извести за статистиката на МВР од изминатото деноноќие.

Веќе втор ден на целата територија на државата се применува мерката за ограничување на движењето на граѓаните во период од 16 до 05 часот.

Во таа насока во текот на изминатото деноноќие:

Вкупно 90 лица не ја почитувале мерката за ограничување на движењето, од нив 14 се лица на возраст до 18 години и 1 лице на возраст над 67 години. Од страна на полициските службеници приведени се 56 лица, опоменати се вкупно 7 лица, а за 24 лица земени се податоци за понатамошно постапување.

Од страна на Секторите за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство поднесени се 28 кривични пријави за 37 сторители.
За 20 лица издадени се решенија за изолација, а 241 лицe потпишале изјави за самоизолација.

Апелирам до граѓаните да се придржуваат и да ги почитуваат мерките за ограничување на движењето, а воедно благодарен сум на полициските службеници за посветеноста во извршување на работните задачи и обврски, напиша министерот Филипче на неговиот Facebook профил.