Вкупно 565 првачиња од општина Центар денеска за првпат го слушнаа звукот на училишното ѕвонче

Вкупно 565 првачиња од општина Центар денеска за првпат го слушнаа звукот на училишното ѕвонче во седумте основни училишта на територијата на општината.

На првиот училиштен час се запознаа со своите наставници и со начинот на кој ќе функционира наставниот процес во училиштата.

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ присуствуваше на првиот час во ООУ „11 Октомври“ и им посака успешна училишна година на сите ученици, порачувајќи дека доброто однесување е столб на квалитетното образование и дека со квалитетно образование градиме успешно општество за сите.