Вкупно 54 повредени полицајци за време на протестите

Вкупно 54 полицајци се повредени за време на протестите против францускиот предлог и инцидените кои се случија на истите, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во дебатниот магазин „Click21“ на 21ТВ. 

-Имаше 47 повредени полицајци и тоа во еден ден, инаку вкупната бројка е 54 за сите денови кои што протестираат граѓаните, вели Спасовски кој апелираше на мирни демократски протести.

Според министерот, крената рака на полицаец е крената рака на држава.