Вкупно 2.000 граѓани се приклучија кон „Мој Карпош – Моја Картичка“

За  краток период постигнавме своевиден рекорд. Вкупно 2.000 граѓани на Карпош се приклучија кон „Мој Карпош – Моја Картичка“.

Според интегралната изјава на градоначалникот Стефан Богоев, за речиси една недела, оваа картичка го привлече вниманието на голем број карпошани.Се поголем број жители на  Скопје  прашуваат и се интересираат за овој проект. Како резултат на тој зголемен интерес на граѓаните, секојдневно се приклучуваат и нови фирми  кои одлучиле  да дадат попусти и бенефиции за нашите сограѓани.

Картичката Мој Карпош  придонесе да има  трајна соработка меѓу граѓаните, локалната самоуправа и бизнис секторот. 

Ви благодарам за големиот интерес и соработка.

Посетете ја веб страната MOJKARPOS.MK и бидете информирами за сите новости!

Продолжуваме заедно.