Вксусно и евтино: Тава од стар леб и тиквички

 

Состојки:

½ кг стар леб

400 мл млеко

2 тиквички

1 бабура

Главица комид

100гр ситно сецкана пршута или сланина, сув врат

5 јајца

4 лажици кисела павлака

100гр кашкавал

Подготовка:

Исечете го  лебот на коцки и прелијте со млеко. По  неколку минути исцедете со рака. Тиквичките изрендајте ги, кромисот ситно исецкајте го.

На малку масло пржете го кромидот, додадете ја пршутата, пропржете па додадете ги тиквичките и сечканата бабура. Зачинете по желба . пржете 10-ина минути со повремено мешање.

Јајцата изматете ги, посолете и додајте ја павлаката. Добро промешајте.

Исцедениот леб промешајте го  со  пржениот зеленчук. Во намрснета тава распоредете ја смесата од леб и тиквички. Прелијте со  смесата од јајца и павлака. Посипете со  рендан кашкавал, па запечете во рерна на 180 степени. Наздравје.