Виз Ер Скопски маратон со повик за волонтери!

По двете успешни трки оваа година, HalkEco Хронометар и Авицена Женска трка, кои што се одржаа под целосна спортска дисциплина и каде што натпреварувачите во целост ги испочитуваа протоколите и мерките за заштита од Ковид-19, време е за највеселиот маратон кој што се одржува веќе 16 години во Македонија. Виз Ер Скопски маратон 2020 ќе се одржи на 4-ти октомври под специјални протоколи одобрени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

Како и секоја година, организаторите на трката и оваа година имаат потреба од волонтери. Организаторите веруваат дека волонтерите имаат клучна улога во успешното организирање и реализирање на трките низ годините и без нив Виз Ер Скопски маратон нема да биде целосен.

Секој кој сака да се пријави како волонтер и со тоа да учествува во организирањето и спроведувањето на најпознатиот спортски настан во нашата држава, тоа може да го направи со пополнување на онлајн формулар кој што е поставен на официјалната страна на Виз Ер Скопски Маратон. Краен рок за пријавување на волонтерите е до 25 септември 2020 година, односно до пополнување на бројката која е потребна за волонтери.

Можност за учество имаат лицата кои се постари од 16 години и исполнуваат одредени услови, кои се наведени во самиот формулар. Секој волонтер кој што ќе учествува во реализирање на настанот ќе добие маица, вода, храна и сертификат за волонтирање на Виз Ер Скопски маратон 2020.  Согласно, ситуацијата предизвикана од корона кризата, волонтерите кои ќе се пријават за учество на маратонот, мора задолжително да носат маска и да ги почитуваат сите протоколи.

Секој кој што сака да се пријави за волонтирање истото може да го направи со пополнување на формуларот на следниот линк.

Организаторите на Виз Ер Скопски маратон ги повикуваат волонтерите да се пријават за да може уште еднаш да се докаже дека и во услови на пандемија може да се организира спортски настан по светски стандарди.