VIVAX нови топлински пумпи – чудо на технологијата за секој дом

Обновливите извори на енергија се иднината на ладење, греење и топла вода во домот во текот на целата година. Брзото темпо на живот и секојдневните промени кај технологијата бараат компаниите за бела техника секојдневно да ги прилагодуваат своите производи според потребите и барањата на потенцијалните потрошувачи. Брендот VIVAX успешноста на своето работење ја темели на пласирање палета на нови производи прилагодени според светските стандарди и најдобрите технологии, за да во целосот ги задоволат желбите како на лојалните, така и на новите корисници.

Преку искористување на обновливите природни ресурси, компанијата VIVAX се вклучува во решавање на најголемиот глобален проблем – загaдувањето и уништувањето на природата, со воведување на нови топлински пумпи на македонскиот пазар. Нивното користење се сведува на природниот еколошки процес кој придонесува за достигнување на идеалната температура во домот со најниски трошоци.

Како работат VIVAX топлинските пумпи?

Користејќи ги обновливите извори на енергија, топлинските пумпи работат по принципот размена на енергија. Обновливата енергија се наоѓа на секаде околу нас, како што се сончевите зраци, воздухот и подземните води. Топлинските пумпи ја црпат топлината од околните извори, за да произведат енергија за домаќинството, која се користи како замена на електричната енергија.

Самиот уред е составен од неколку основни делови, односно експанзиски вентил, испарувач, компресор, кондензатор и сплит систем со надворешна единица и хидронска кутија. Системот за работа на VIVAX топлинските пумпи ја дава најефикасната и најекономична алтернатива за добивање на електрична енергија користејќи ги обновливите природни ресурси. Единиците на топлинската пумпа преку користење на топлината од околниот воздух и сончевите зраци овозможуваат ладење, греење и топла вода во домот, а со тоа значително влијаат за намалувањето на загадувањето на природата.

Зошто VIVAX топлинските пумпи се чудо од технологија за секој дом?

Секој од нас посакува идеална температура во домот и затоа главна преокупација ни е начинот на ладење, односно греење. Она што топлинските пумпи на VIVAX го нудат како решение е ефикасно греење во зима и исклучително штедливо ладење во летниот период.

Намалување на трошоците за греење и ладење до 75%, е една од најважните придобивки од инвестирањето во VIVAX топлинските пумпи. Со самото поставување на модерната инсталација за греење и ладење, која не зафаќа голем простор, секое домаќинство се вклучува во намалувањето на емисијата на CO2 честичките и придонесува за заштита на природната околина.

Едноставното одржување на системот за работа на топлинските пумпи, кој треба да се проверува барем еднаш годишно и безбедниот систем при кој работат пумпите, дава уште една голема причина зошто е идеално секое едно домаќинство да инвестира во овој модерен и долготраен уред. Автоматизираниот систем за работа на VIVAX топлинските пумпи дава голем комфор при управувањето, а можноста за дигитализирање на целиот систем ни овозможува регулирање на работата на уредот од мобилен телефон.

За повеќе информации и детали за новите VIVAX топлински пумпи обратете се на некој од телефоните за контакт 02 3202 837 / 02 3202 812 или посетете некое од продажните места преку продажната мрежа