СОСТОЈКИ:

1/2 кг млада зелка

1 свежа пиперка

1 главица кромид

1 поголем домат

1/2 кг тиквици

2 моркови

2 компири

1 мала шолја ориз

бибер

сол

масло

магдонос

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

На масло пропржете ситно сечкан кромид, додајте моркови исечкани на кругови, па кога и тие малку ќе се пропржат додајте сечкана пиперка, а потоа млада зелка исечкана на коцки.

Потоа додајте тиквици и компири на коцки и налијте вода, па гответе за зеленчукот да се зготви.

Пред крајот на готвењето, додајте ориз, сол, бибер и на крај магдонос. Гответе уште 5-6 минути.

Добар апетит!