Витамини кои гарантираат убава и здрава кожа

Иако козметиката и начинот на исхрана се многу важни за здрава и убава кожа, сепак неопходни се и витамини и минерали за да го одржуваме нејзиното здравје.

Ова се клучните витамини кои треба да ги додадеме во нашата рутина за да имаме убаво лице.

Витамин Ц

Ова е еден од најдобрите витамини за кожата. Тој помага во заштита од УВ зраците и помага во синтетизирање на колагенот. Тој е добар бидејќи ја одржува кожата. 

Можете да го користите преку витамин Ц суплементи, но најдобро е кога се внесува преку исхраната. Освен тоа, на тој начин добивате и природни влакна и хранливи материи на природен начин.

Витамин Д

За разлика од другите витамини кои ги добиваме преку исхраната, овој витамин најдобро се апсорбира преку сонцето. Овој витамин помага во намалување на акните, црвенилото на кожата и дерматитисот.

Но, бидејќи изложувањето на сонце предизвикува големи проблеми за нашата кожа и здравје, се препорачува земање на витаминот Д како суплемент. Освен тоа, тој може да се внесе и преку храната како лосос, туна и сардини. 

Витамин Е

Овој витамин, како и витаминот Ц е одличен за заштита на кожата од штетите предизвикани од сонцето. Но, треба да се внимава кога кожата е изложена на сонце, бидејќи произведува слободни радикали кои можат да ја оштетат кожата. 

Витаминот Е е содржан во јаткастите плодови и семиња, авокадо, лосос како месото од мисирка.

Витамин К

Овој витамин е најпознат по тоа што кога ќе се исечете и не крварите многу, можете да бидете благодарни на витаминот К. Исто така, постојат истражувања кои покажуваат дека тој помага кај стриите, црвенилот на кожата и проширените вени. 

Б витамини

Овие витамини содржат многу значајни елементи кои придонесуваат за подобра енергија, метаболизам и функции на мозокот. Освен тоа, кога имаме ниско ниво од нив, кожата пука, а настануваат и многу проблеми поврзани со неа. 

Освен тоа, тие помагаат и за обновување на клетките.