Добрината во денешно време е презрена, односно обезвредена.
Сите тие возвишени и недопирливи вредности на човечкиот дух, како храброста, чесноста, верноста, безусловното пријателство и љубовта – денес се исмејуваат и не се популарни.
Важно е само колку луѓе сте измамиле. Ако сте измамиле многу луѓе и притоа сте заработиле, тогаш вие сте елегантни и многу паметни.
Со тоа добивате поени и никој нема да ве презира. Или, ако доволно долго го правите тоа, дури и оние кои ве презирале на почеток, ќе се согласат со тоа дека сте успеале.
Денес тезите се заменети и во денешниот систем на вредности, добрината се граничи со глупавост.
Тоа е погубно. И порад тоа ние ќе го платиме данокот, а тогаш ќе мораме да се вратиме на вистинските вредности, затоа што тие се единствениот темел на човечкото постоење.
Небојша Глоговац (30.08.1969 – 09.02.2018)