Вистинската магија почнува во втората половина од животот

Приморувајќи нѐ да погледнеме длабоко во себе, таканаречената криза на средни години ни дава можност да дојдеме во допир со самите себе и да откриеме што ни е навистина важно во животот.

Во тоа време чести се соништата за смртта кои обично зборуваат за тоа дека нешто старо умира за да направи место за раѓањето на нешто ново. Предизвиците на надворешниот свет полека го заземаат местото на новата димензија на животот.

Кај многумина, помислата на стареење го буди стравот од намалување на квалитетот на животот, стравот од болести и стравот од смрт.

Благодарејќи на кризата на средни години имаме можност да ги преиспитаме своите вредности и во другата половина на животот да се насочиме кон она што е навистина важно. Кога бучавата од надворешниот свет полека се смирува, имаме можност повторно да станеме целосни, но на позрел и посвесен начин.

Зрелоста се учи

Поголемиот дел од луѓето целиот живот настојуваат да се прилагодат на сопствените или туѓите замисли за тоа што е добро, пристојно, занимливо и слично. Поистоветувајќи се со тоа, тие се свесни само за еден мал дел од себе. Многу чувства и желби кои ги поттиснувале во текот на животот потекнуваат од стравот од осудување и отфрлување од околината, од срам или недоверба во самите себе и своите способности кои остануваат под површината.

Заедно со нив можеби сме поттиснале и многу таленти за кои им се воодушевуваме на другите или пак ги критикуваме затоа што самите не се осудуваме да ги следиме нашите соништа. Сите тие поттиснати содржини повремено избиваат на површина во нашите соништа, во нашите испади на бес, незадоволство и спомени. Втората половина од животот е идеално време за да му дадеме шанса на тој наш скриен аспект да се изрази себеси.

Обрнувајќи внимание на тие поттиснати содржини, имаме шанса да ги запознаеме и да ги погледнеме од друг агол и свесно да го избереме она што ни е навистина важно и она на кое сакаме да му дадеме повеќе простор во нашиот живот.

Зрелите години ни даваат прекрасна можност за учење и стекнување нови знаења.

Алберт Ајнштајн одамна рекол: „Немојте да остарете, колку долго и да живеете. Секогаш однесувајте се како љубопитно дете пред големата мистерија наречена живот.“

Токму тие зборови нѐ потсетуваат дека никогаш не е доцна за учење и развој, за откривање подрачјна кои со години сме ги занемарувале. Никогаш не е доцна за истражување на она што навистина сме и она што е вистинска цел на нашиот живот, а за инспиративни примери доволно е да се завртиме малку околу нас.