Вистинската љубов нема крај

„Откако еднаш ќе почнете да верувате дека заслужувате љубов, никогаш повеќе нема да се помирите да бидете нечиј втор избор.“ – Чарлс Орландо

Буда еднаш кажал дека исто како што можеме да го препознаеме океанот затоа што секогаш има солен вкус, така можеме да го препознаеме и просветлувањето, затоа што тоа секогаш вкус на слобода. Нема некоја голема разлика помеѓу просветлувањето и вистинската љубов. Додека многумина ја гледаат преданоста како замка, нејзината здрава верзија е всушност ослободување на двата партнери, затоа што на површина ја изнесува нивната вистинска личност и градат љубов која задоволува и која е трајна.

Љубовта е е чувство, но и мотив (страст, потреба, копнеж), чија главна одлика е силната наклонетост на субјектот кон некој привлечен предмет, појава или суштество. Љубовта кон другата личност вклучува чувство на нежна приврзност, окупираност со нејзината личност, заинтересираност за нејзините потреби, желби и мисли, несебичната грижа за нејзината среќа и силната желба односите да бидат што е постраствени.

Според Ерих Фром, љубовта е единствениот здрав и задоволувачки одговор на проблемот на човечкото постоење, а зрелата љубов ја задоволува основната човекова потреба за поврзаност со други луѓе, истовремено чувајќи го идентитетот на личноста. Главните компоненти на љубовта се: давање, грижа, одговорност, почитување и познавање. Љубовта е работење на развојот на другата личност. Според Фром, незрелата љубов вели: „Те сакам затоа што ми требаш“, а додека зрелата љубов говори: „Ми требаш затоа што те сакам“.

Секоја личност во себе има вечна претстава за жените, односно мажите и тоа не за конкретни жени/мажи, туку за одредена синтетизирана претстава за жените/мажите. Таа претстава се создава во текот на детството, а се формираат  како последица на околината, ликовите од телевизија, романи и бајки. Таа претстава Јунг ја нарекувал Анимус и Анима. Кога се заљубуваме, тогаш со психата на жената владее Анимус, а со психата на мажот владее Анима.

Средбата со личноста која го провоцира активирањето на анимусот/анимето е всушност тоа што ние го доживуваме како магично. Тоа најчесто личноста за која велиме дека сме ја чекале целиот живот, кога имаме чувство дека отсекогаш сме се знаеле и кога постои блискост од самиот почеток.  Ништо од ова не е случајно. На некој начин одредените карактеристики на одредена личност и ги познаваме цел живот. Уште од мали нозе тие се во нашата глава. Тие изгледаат како да го чекаат вистинскиот момент и личност за да ја преземат контролата. Тоа е тој момент кога сфаќаме дека некоја личност ја изгубила главата поради саканата личнос или е просто заслепена од љубовта. Оваа личност и нема контрола над себе, затоа што власта ја преземала анимусот/анимата.

Често луѓето од блиското опкружување на заљубената личност ова го гледаат како нешто алармантно, особено ако личноста во којашто е заљубена ја бие лош глас. Но, овие работи треба да се гледаат од перспективата на поединецот кој созрева. Единствено преку заљубувањето и проекциите можеме да ги откриеме своите анимус/анима и да ги соединиме со својата личност. На тој начин, се што сме барале во спротивниот пол и се што ни делувало неоддоливо, го пронаоѓаме во себе и така ја преземаме контролата врз своите анимус/анима.

Секој од нас фантазира за таа вистинска љубов и љубов која е посилна од времето и која трае и покрај сите неволји. Она по што се разликуваат личностите кои оствариле вакви врски е нивното поинакво доживување на самиот поим на љубовта, поинаквиот однос кон себе, кон партнерот, а со самото тоа и кон нивната врска.

Тие знаат дека вистинската љубов не е никаква магија, ниту пак пеперутки во стомакот, туку вистинската љубов е една посветеност и константно трудење околу врската. Таа е искрено и несебично прифаќање на партнерот онаков каков што е, можноста да излеземе на крај и со лошите страни на другата личност. Исто така, овие личности се во состојба самите да излезат на крај со своите проблеми,  а не да бараат спас во својот партнер.

Животот не е комплициран, ние сме тие кои го комплицираме. Така е и со љубовта. Што побрзо се ослободиме од ограничувачките верувања за вистинската љубов, побрзо ќе можеме да си помогнеме самите на себе. Мал број на луѓе успеале и тие се потврда дека сепак е можно. Не е лесно, но вреди да се потрудиме.