Вистинскaта љубов е ретка како дијамант во свет полн со камчиња

Нека не ве залажуваат дека не постои вистинска љубов.

Тоа ќе го слушнете од луѓето кои се предале, кои ја избрале првата или втората личност која дошла во нивниот живот и кои мислат дека го избрале полесниот пат. 

Вистинската љубов е света, нежна и голема. Таа не е нешто што треба да се избрза. Таа е ретка како редок дијамант во свет полн со камчиња. Но, таа постои. Таа се раѓа во нас кога ќе ја сретнеме вистинската личност и кога даваме сè од себе  да ја храниме, постојано да ја збогатуваме и секој ден повторно и повторно да ја оживуваме и да ја зголемуваме нејзината вредност. Не треба да се плашиме од неа, ниту пак од тоа дека нема никогаш да дојде.

Некогаш мислиме дека таа веќе се случила во нашиот живот и дека живее во минатото со некоја личност која ја нарекуваме нашата вистинска љубов. Некогаш мислиме дека е личноста која сме ја сретнале за време на летниот одмор. 

Таа не доаѓа кога ја брзаме, не се појавува кога ја чекаме или пак кога упорно ја бараме. Некогаш доаѓа во средно училиште, на факултет, подоцна во животот, но за секој од нас таа постои таму некаде. Ни доаѓа кога сме подготвени. Кога имаме доверба во себе и кога нашето срце е подготвено да сака. 

Оваа љубов нè менува од корен и кога ќе се појави во нашиот живот веќе знаеме. Таа е тука да нè подигне, да го збогати нашиот живот, да ни даде трпение и да ни покаже колку е големо нашето срце. Затоа и вреди да се чека. 

Но, не вреди да прифаќаме помалку од она што го заслужуваме, не вреди да го даваме своето срце на луѓе кои не знаат да го чуваат, на лажговци и луѓе кои нè сметаат за втора опција. Сите заслужуваме повеќе од тоа. 

Голема, вистинска љубов, ништо помалку од тоа.